Вардар може да здивне: „Сведбанк Арената“ во Малме ќе биде половично исполнета?

by
1 минути читање

Според
информациите кои се објавени на официјалниот клупски сајт на шведскиот првак
Малме, се вели дека клубот и официјално пушта во продажба 10,000 влезници за
дуелот со Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите.

Влезниците се
пуштени во продажба почнувајќи од денес, истите се со скромни цени, барем за
тамошниот стандард, најефтините чинат до 70 круни (7 евра, или околу 400
денари), додека пак оние поскапите достигнуваат цена и до 400 круни (40 евра,
околу 2,400 денари).

Прекрасното
фудбалско здание „Сведбанк Арена“ со капацитет за 24 илјади места, во Малме е
отворено во 2009. година, во истата арена се вложени 80 милиони евра.

Првиот меч од
предвидениот двомеч се игра во Шведска на 11. јули, една седмица потоа реваншот
се игра во Струмица каде домаќин ќе биде нашиот претставник во елитното
европско клупско натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани