Противникот на Пелистер во Европа Лигата се пофали: Добивме „снајперист“ во нападот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Според информациите
кои ги пренесуваат медиумите во Полска, Лех Познањ, противникот на Пелистер во
првото квалификациско коло за Лига Европа, е на еден чекор до финален договор
со данскиот напаѓач Кристиан Гиткјаер.

27 годишниот
Данец доаѓа од редовите на второлигашот од Германија, Минхен 1860 каде мина
половина сезона, таму пак дојде од редовите на Розенборг од Норвешка за сума од
2,25 милиони евра.

Сеуште не е
позната сумата која полскиот прволигаш ќе му ја исплати на Минхен 1860, но се
шпекулира дека германскиот тим ќе се задоволи со еден милион евра обештетување.

Челниците на
тимот од Познањ во изјава за тамошните медиуми велат дека договориле „снајперист“
во нападот.

Додека полскиот
претставник договараше трансфер во милионски суми, Битолчани мака мачеа како да стигнат до Познањ поради технички причини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани