2,1K
Пелистерци летнаа од Скопје и пристигнаа во Љубљана од каде што требаше да се упатат до Варшава, па од таму до крајната дестинација, Познањ.
Но поради технички причини на полската компанија, летот од Љубљана до Варшава е одложен.
Раководството на клубот прави напори во попладневните часови да се замине за Варшава од каде со автобус фудбалерите ќе се упатат до Познањ.
Пелистер во четврток со почеток од 20:45 часот го игра натпреварот од првото квалификациско коло во Лига Европа против Лех Познањ.