109
Централниот дефанзивец, Константин Чешмеџиев кој е капитен на новата генерација на Боби Милевски која треба да ги игра квалификациите за EП во Италија, стави потпис на договор со новиот прволигаш, Академија Пандев.
„Константин Чешмеџиев денес потпиша едногодишен договор со ФК Академија Пандев. Добрите игри во мината сезона во прволигашката конкуренција во редовите на Македонија ЃП и постојаниот континуитет во развојот на овој млад играч беа одлична препорака за раководството на нашиот тим“ – стои во соопштението на Академија Пандев.
Константин Чешмеџиев е централен дефанзивец кој може да игра и како дефанзивен играч во средниот ред од теренот.
Фото: Академија Пандев