Португалија сака
да оди во полуфинале како најдобро второпласирана селекција, па противникот
најави дека утре ќе се обиде да ја победи Македонија со што поголема гол
разлика.
Боби Милевски не
обрна многу внимание на изјавата на неговиот колега Руи Жорж, но му порача дека
никој не треба да ги потценува „Црвено-жолтите“.
Тој вели дека ова најдобро го знае Франција, откако скапиот тим на „Галските Петли“ извиси во квалификациите за Европското првенство, а Македонија отпатува за Полска.
Не очекува
последниот натпревар од групата” – рече селекторот на Македонија на
пресконференцијата.
„Имаме минимални
шанси за пласман во следната фаза, но додека теоретски има надеж, ќе се обидеме
да стигнеме до ваков успех”.
„Португалија има
одличен состав, играчи кои играат во големи клубови, и тоа го покажаа тука.
Пред да загубат од Шпанија имаа серија од 19 натпревари без пораз”.
„И ние имавме
одлична серија од 13 натпревари без пораз се до дуелот со Шпанија, па не сме за
потценување”.
„Не ме интересира
што велат моите колеги, противникот може да биде полн со самодоверба и
оптимизам, но на теренот играат фудбалерите”.
„Верувам во моите
момци и знам дека ќе одиграат најдобро што умеат, и токму со ваков пристап ја
оставивме скапата Франција дома, а ние сме во Полска”.
Боби Милевски
исто така најави промени во составот на Македониај поради исцрпеност и повреди.
„Заморот е
присутен кај фудбалерите, особено кај оние кои одиграа 90 минути против Шпанија
и Србија”.
„Па дел од
промените ќе бидат поради исцрпеност, но и поради повреди”.
„Без разлика кој
ќе истрча на теренот, играчите ќе бидат подготвени и мотивирани. Ќе играме
офанзивно и против Португалија“.