Утре со почеток од 20:45 Македонија го игра последниот натпревар на Европското првенство во Полска, дуелот против Португалија која се уште има шанси за полуфинале.
Португалија ќе бара убедлива победа против нашата репрезентација за да може со шест бодови и подобра гол разлика од конкурентите да биде најдобро второпласирана селекција.
„Јас и целиот стручен штаб се обидовме да пресметуваме на колкава победа ќе ни треба, некои беа повеќе оптимисти од другите. Но тешко е да се прогнозира колкава победа ќе ни треба бидејќи после нашиот се натпреварите од групата Ц. Нашата прва цел ќе биде да победиме и ќе се обидеме тоа да биде со колку што е можно повеќе голови разлика“ – вели португалскиот селектор Руи Жорж.
„Македонија ќе се бори за да покаже зошто по прв пат е пласирана тука. Тие имаат своја национална гордост и сигурен сум дека ќе дадат се од себе за да остават добар впечаток за македонскиот фудбал“.