Верати тргнува на се или ништо – нови детали за најавите за трансферот во Барселона

by
1 минути читање

„ЛЕкип“ пренесува дека репрезентативецот на
Италија и член на францускиот вицепрвак Париз Сент Жермен, Марко Верати ги
разгледува опциите за тоа како да избегне казна од клубот доколку не се појави
на предсезонските тренинзи во тимот од Париз.

За овие опции наводно
се консултирал со неговиот адвокатски тим, па се разгледуваат сите можни
алтернативи да се избегне казна на негова адреса.

Сосема е јасна
причината поради која Верати го прави сево ова, Италијанецот има нескриена
желба да се пресели во редовите на Барселона и се чини дека става јасно до
знаење дека нема намера да се врати во тимот на ПСЖ ова лето.

Верати стравува
од парични санкции на клубот кон него, доколку не се појави на тренинг кампот со
што ќе се означат подготовките на ПСЖ, предвидени да стартуваат на 4. јули, но
тој се чини дека ќе бунтува во случај на несогласување со францускиот тим, со
што се чини дека би можел да биде во поволна ситуација за преговори.

Некои медиуми на
големо шпекулираат дека личните услови на Верати се веќе договорени со
Барселона.

24 годишниот
Италијанец има важечки договор со ПСЖ кој го обврзува на верност до 2021. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани