Арсенал, ПСЖ и Милан под будно око ја следат ситуацијата – Квадрадо не е во плановите на Јувентус?

by
2 минути читање

Медиумите во
Италија повторно ја отворија темата „Квадрадо“ и неговото евентуално заминување
од италијанскиот шампион Јувентус ова лето.

Според
информациите кои пристигнуваат, се поизвесно е дека бразилскиот тандем Дани
Алвес-Алекс Сандро се кандидати да му кажат збогум на тимот од Торино летово,
но тука се чини дека во комбинација влегува и Колумбиецот.

Наводно Јувентус
не планира да го земе со екипата Квадрадо на двете претстојни пријателски
средби против Монтереј и Тигрес во Колумбија, наредниот месец, па ова е еден од
деталите кои се наведува како причина и потврда за неговото заминување, за што
говорат повеќе шпекулации.

Медиумите во
Италија шпекулираат дека доколку има простор за преговори за Колумбиецот,
Јувентус нема да се согласи за сума под 30 милиони евра.

Вреди да се
напомене дека за услугите на Квадрадо интерес пријавуваат Арсенал и Париз Сент
Жермен, на големо изненадување, третиот клуб кој ја чека приликата да настапи
со официјална понуда за негов ангажман е Милан за кого е познато дека гради
амбициозен тим за идната сезона, со што сака да се врати на старите славни
патеки.

Сепак, од страна
на неговиот агент, Алесандро Лучи стигна демант во однос на шпекулациите
поврзани со неговиот фудбалер.

Хуан не сака да
го напушти Јувентус, тимот пак не сака да го продаде, нема никакви преговори во
овој момент. Никој досега не ме контактирал да разговараме на оваа тема
“ изјави
Лучи за италијанските медиуми.

Сепак, вреди да
се напомене дека Јувентус го пикираше Фредерико Бернардески од Фиорентина како
приоритет овој трансфер преоден рок, истовремено како опција се јавува и Даглас
Коста од Баерн Минхен, што додатно ги подгрева шпекулациите дека за Квадрадо
место во тимот на Јувентус за идната сезона, се поизвесно е дека ќе нема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани