Османи: Подготвени сме за предизвикот во Европа лигата

by
1 минути читање

Екипата на
Шкендија која е еден од македонските претставници во Европа летово, ги одработи
централните подготовки во Словенија во пресрет на настапот во квалификациите за
пласман во групната фаза за Лига Европа.

Стратегот од
клупата на тетовскиот прволигаш, Ќатип Османи во изјава за официјалниот клупски
канал на „
Youtube вели дека неговата
екипа е подготвена за предизвикот наречен „Европа“.

Шкендија одигра
три контролни средби во Словенија, каде ги одмери силите со австриски Бад,
словенечки Марибор хрватски Интер Запрешиќ, сите средби завршија со идентичен
резултат 1-1.

По одработувањето на
двете фази од подготовките, најнапред во Тетово, потоа и во Словенија, Шкендија се враќа во
Тетово по што следат финални подготовки за дуелот против Дачија од Молдавија во
првата рунда квалификации за Лига Европа.

Првиот меч е предвиден да се одигра
на 29. месецов во Струмица, реванш средбата се игра една седмица подоцна на
терен на противникот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани