Екипата на Работнички
претрпе пораз од хрватскиот шампион Ријека со резултат 0-2, на полувремето од
мечот мрежите мируваа. Во тимот на Ријека настап имаа нашите интернационалци
Леонард Жута и Стефан Ристовски.
Извештаите од
мечот кој се одигра во Крањска Гора велат дека тимот на Виктор Треневски
достојно му се спротиставил на фаворитот кој очигледно не се штедел на овој меч
во Словенија.
„Романтичарите“
ја имаа првата стопроцентна шанса за водство преку Велинов во 22. минута во ситуација
еден на еден не успеа да реализира. Потоа следеше шанса на Кадриу, исто
нереализирана, исто како и обидот на Кадриу, по што казната следеше во 60. минута
каде погоди Мателја.
Конечните 0-2 ги
постави Хебер само две минути подоцна по асистенција на Стефан Ристовски, за
овој погодок извештајот на официјалниот клупски сајт на Ријека вели…
„Бразилецот Хебер
во 62. Минута се поправи за неискористената прилика во претходниот напад,
Ристовски и побегна на дефанзивната линија на Работнички по што асистираше за
2-0“.
Од информациите
кои пристигнуваат, временските прилики во Крањска Гора биле премногу лоши на
моменти.
Фотогалерија:
nk-rijeka.hr