Младиот и суперталентиран 18 годишен голман на Милан,
Џанлуиџи Донарума во телефонски разговор со генералниот директор на тимот од
Милано изразил желба да остане во клубот, конечниот исход од преговорите е
доста сомнителен за Марко Фасоне кој во изјава за официјалниот клупски канал на
„Youtube“ откри детали од тоа како течеле преговорите.
„Разговаравме со
Донарума два дена пред последната средба со Рајола, на телефон ми кажа „Сакам
да останам во Милан, не сакам да си заминам“, Рајола целиот разговор го сведе
на тоа дека немал доволно време. Се ми беше сомнително, но бев и загрижен
поради можниот негативен одговор“ издвои Фасоне.
„Морам да порачам дека сосема е легитимно за играчот да
одлучи на крајот на својот договор, дали сака да ја напушти екипата, или не
сака. Но, поради една работа сепак останува горчлив вкусот од сето ова… Тоа е
легитимитетот секогаш да оди заедно со етиката. Етиката е клучна во фудбалот,
има играчи кои станале тоа што се најмногу благодарение на своето
опкружување…“ додаде генералниот директор на Милан.
Фасоне истакна дека доколку Донарума сака да си замине од
клубот, тоа може да го направи на крајот од новата сезона. Клубот е отворен за
сите понуди, но тимот од Милано е јасен кон голманот и навивачите – Донарума
останува во Милан, издвои Фасоне.
Првиот човек на Милан пред извесен период откри колку ќе го чини Милан негативниот одговор на Донарума да не стави потпис на нов договор,
актуелниот завршува идното лето.