Вардар во првиот контролен меч на подготовките во Австрија
славеше над прволигашот од таа земја, Адмира со 0-2, на негов терен.
Стрелци на погодоците на тимот на Гоце Седлоски беа Исени (42’)
и Барсегјан (49’).
Првиот гол за нашиот
шампион дојде по украдена топка, Блажевски со асистенција до Исени кој го
матираше противничкиот голман најпрво ослободувајќи се од него, за потоа да
погоди во празната мрежа.
Во вториот
погодок Глишиќ од левата страна му асистираше на Барсегјан на вториот дирек,
кој потоа успеа да ги постави конечните 0-2 од мечот во Медлинг.
ВАРДАР: Гачевски (46’ Пачовски), Брдаровски (46’
Хамбарџумјан), Глишиќ (65’ Тодороски), Грнчаров, Новак, Спировски, Глигоров
(65’ Колевски), Исени (46’ Џигаури), Којашевиќ (46’ Стојков), Блажевски (46’
Стојчевски), Лима (46’ Барсегјан).
Извор/Фото:
fkvardar.mk