Чешка подобро го почна натпреварот, а дека на Италијаните ќе им биде тешко покажа Травник уште во 24. минута кога постигна гол за водство од 1-0.
Италија се мачеше да се врати во натпреварот, долго напаѓаше, особено во второто полувреме, конечно Берарди во 70. минута даде гол за 1-1.
Азурите тргнаа кон комплетен пресврт, но само девет минути подоцна Хавлик го враќа водството на Чешка, постигнува погодок за 2-1.
Точка на натпреварот стави Луфтнер на пет минути пред крајот со прекрасен гол од далечина за конечни 3-1.
Со овој резултат шансите на Италија за прогрес во полуфиналето се мали. Чешка доколку ја совлада и Данска би можела да се најде меѓу четирите најдобри, ако не го освои првото место, како најдобро второпласирана.