Португалија се радува на прва победа, Роналдо ја матираше Русија (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Кристијано Роналдо уште еднаш се покажа како клучен за Португалија, ЦР7 и донесе на својата репрезентација триумф над Русија.

Во 8. минута од средбата, Роналдо реагираше одлично на нафрлената топка од Гереиро и го матираше Акинфеев за 0-1.

Португалија потоа имаше уште неколку шанси, но голманот на Русија не дозволи неговата мрежа одново да биде затресена.

Домаќините притиснаа во вториот дел, имаа иницијатива, но не се заканија посериозно по голот на Португалија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани