Македонија одигра
реми со резултат 2-2 против Србија во второто коло од Европското првенство за
фудбалери до 21 година што се одржува во Полска.
Разочарувањето е
големо ако се земе во предвид дека избраниците на Благоја Милевски иако имаа
негатива од 0-1 по првите 45 минути игра, во второто полувреме целосно го
сменија текот на играта и направија пресврт за 2-1, но радоста траеше се до 90.
Минута кога противникот израмни и го сруши сонот за триумф на едно големо
натпреварување.
„Мислам дека
нашиот противник одигра подобро во првото полувреме, но ние се вративме во
второто полувреме многу добро, целосно го сменивме текот во играта и бевме
подобри во овој период од мечот. Сепак, ќе издвојам дека оваа генерација има
иднина, одиме на победа против Португалија“ најави Бобан Николов.
Мечот со
Португалија нашите надежи го играат во петок во терминот од 20 часот и 45
минути.
Фото-вест: ffm.mk