Македонија одигра
реми со резултат 2-2 во второто коло од групата „Б“ во дуелот со Србија на
Европското првенство во Полска за фудбалери до 21 година.
Селекторот
Благоја Милевски по мечот издвои дека и двете репрезентации одиграле половично,
но имаме за што да жалиме, притоа дополни дека можеби и погрешил со
селектирањето на почетниот состав.
„И двете селекции
одиграа по едно полувреме добро, тие беа подобри во првиот, ние во вториот дел,
имаме за што да жалиме, можеби јас погрешив со почетниот состав, целосно
потфрливме во првите 45 минути игра, во сите линии…“ издвои Милевски по мечот
со Србија најавувајќи промени за дуелот со Португалија предвиден да се одигра
во петок во терминот од 20 часот и 45 минути.
Фото-вест: ffm.mk (Архива)