Како Рафа Надал му помогнал на Реал Мадрид да го купи Асенсио

by
1 минути читање

Кога Асенсио
пристигнал во редовите на Реал Мадрид во 2014. година, токму Рафаел Надал бил
еден од клучните особи кои помогнале да се реализира овој трансфер, потврди
претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Телефонски го
побарав Надал и го замолив да разговара со својот чичко, Мигел Анхел, кој беше
спортски директор во Мајорка, му кажав на Надал да му каже на својот чичко дека
сакаме да го купиме Асенсио, тој одлично реагираше и многу брзо се договоривме
за деталите
“ открива Перез.

Асенсио беше немилосрден кон Македонија на првиот меч во групата „Б“ од Европското првенство
во Полска за фудбалери до 21 година, каде постигна хет-трик за својата
селекција во убедливата победа од 5-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани