Марадона го
нарече бразилецот „идиот“ откако овој претходно упати критики на сметка на
легендета на Наполи.
Алвес, за кого се
погласни се шпекулациите дека ќе си замине летово од италијанскиот шампион, за
контроверзниот погодок на Марадона при играње со рака коментираше дека е
доказ дека Марадона во ниту еден случај не може да се споредува со фудбалерот
на Барселона, Лионел Меси, ниту пак може да биде пример за младите.
„Тој зборува на
таков начин бидејќи игра на позиција на теренот каде фудбалот не е толку
допадлив, тој ја допира топката три пати на натпревар, но прави осум прекршоци
за време на натпреварите. Доколку продолжиме да зборуваме на тема на овој
идиот, подобро да прекинеме со разговорот“ возврати Марадона во интервју за „TyC
Sports“.
Што се однесува пак до Дани Алвес, се крена голема прашина околу неговата иднина, се погласни се шпекулациите дека идната сезона ќе игра во Премиерлигата.