88
Во последно време се почести се гласините за трансфер на ЦР7, медиумите пренесуваат дека Кристијано Роналдо решил да замине од Шпанија и Реал Мадрид.
Но Португалецот и да не сака ќе мора да се врати во Мадрид на 31. јули.
Медиумите од Шпанија пренесуваат дека тогаш започнува судскиот процес против Кристијано Роналдо за затајување данок.
Ѕвездата на „Кралевите“ ќе треба да се појави пред судијата Лаура Гомез Ферер и да даде исказ.
Кристијано Роналдо е обвинет дека затаил 14,7 милиони евра, и токму поради овој процес, ЦР7 сака да замине од Сантијаго Бернабеу.