Кристијано Роналдо навреден од обвинувањата дека затаил данок од околу 15 милиони евра, сака да си замине од Реал Мадрид и Шпанија.
„Се што слушнав за желбата на Кристијано, беше од медиумите. За тоа дека тој заминува, дознав откако ми ги донесоа насловните страници на весниците“ – вели претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
„Секогаш ќе бидам на страната на Кристијано Роналдо. Како спортист и човек тој е многу добра личност. Сигурен сум дека е чист кога е во прашање данокот и се разботи само за недоразбирање кое ќе биде решено порано или подоцна. Знам дека неговите адвокати доставиле документација на даночниците. Проблеми со данокот сум имал и јас, имаше и Реал Мадрид па победивме на судот“.
„Знам само дека Кристијано Роналдо е многу лут поради пишувањата во медиумите. Јасно ми е дека тој не може да ги разбере овие работи, медиумите воопшто не ја зимаат во предвид презумцијата за невиност. Разочаран е како го третираат. Но неговото разочарување нема врска со нас. Ние секогаш сме имале добар однос“.
Некои пишуваат дека Роналдо врши притисок врз Реал Мадрид за тие да му го платат данокот, но Перез не верува во тоа.
„Знам дека тој не сака ние да му го платиме данокот. Дури и да му понудиме, сигурен сум дека тој ќе го одбие тоа“.
Според дел од медиумите Реал Мадрид треба да го продаде Кристијано Роналдо и добро да заработи на негов трансфер со оглед на тоа што има 32 години и ќе немаат друга шанса за такво нешто.
„Не се во прашање парите. Ако Роналдо сака да оди, нема поента да бараме да заработиме некои посебни пари. Неговата откупна клаузула е милијарда евра, нешто што никој не може да го плати. На никој во клубот не му се допаѓа можноста Кристијано да си оди. Тој е дел од нашата историја и има иста вредност за Реал како и Ди Стефано. Досега ниту еден клуб ме нема контактирано за Кристијано Роналдо“.
„Роналдо има договор со нас и играч е на Реал Мадрид. Се уште не сме зборувале, но тоа ќе го направиме наскоро. Последен пат разговаравме по финалето во Кардиф и тогаш уште ја немаше аферата со данокот. Сега не сакам да го деконцентрирам додека игра за репрезентацијата“.
„Се во животот може да се реши со дијалот. За Кристијано отсекогаш сум имал најдобро мислење и ќе видиме како ќе заврши“.