1,1K
Полјаците и денешниот дуел го почнаа одлично, поведоа уште во шестата минута од натпреварот преку Монета, но подоцна работите не се одвиваа најдобро за нив.
Шведска со головите на Страндберг и Ларсон направија комплетен пресврт пред крајот на првото полувреме и поведоа со 2-1.
Полска се мачеше да дојде до изедначува, тоа конечно се случи во 91. минута со гол на Ковначки од пенал.
Од ваквиот резултат најзадоволна е Англија која по две кола во групата А има четири бода, еден повеќе од Словачка, Шведска има два, Полска само еден.