Манчестер јунајтед ќе има профит од заминувањето на Роналдо без разлика дали тој ќе потпише за нив

by
1 минути читање

Неколку клубови сериозно се заинтересираа за Кристијано Роналдо откако стана јасно дека тој сака да го напушти Реал Мадрид ова лето. Без разлика дали ќе успее Манчестер јунајтед да ја добие трката, тие ќе бидат задоволни од заминувањето на Португалецот.

Роналдо осум сезони е во Реал Мадрид, претходно шест помина во Манчестер јунајтед, а пред да потпише за англискиот тим играше уште за Спортинг Лисабон и Национал, сите овие клубови ќе имаат профит од неговиот трансфер ова лето.

Според правилата, Манчестер јунајтед, Спортинг Лисабон и Национал ќе поделат вкупно 5% од обесштетувањето кое ќе му биде платено на Реал Мадирд. Манчестер јунајтед ќе добие 2,5%, Спортинг Лисабон 2,25%, а Национал 0,25%.

Трансферот сигурно нема да биде помал од 100 милиони евра, а „АС“ преку табела покажува со повеќе можни суми кој клуб колку ќе добие од заминувањето на Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани