151
Работнички бидејќи беше сместен во групата на носители помина и најлесно во денешната ждрепка за квалификациите од Лигата на Европа, за противник го доби Тре Пене од Сан Марино.
Шкендија за противник го доби тимот на Дачија Чисинау од Молдавија, а најтешко помина Пелистер кој ќе игра против полскиот Лех Познан.
Работнички е домаќин во првиот натпревар, додека Шкендија и Пелистер реваншите ќе ги играат на свој терен.
Работнички – Тре Пене (Сан Марино)
Дачија Чисинау (Молдавија) – Шкендија
Лех Познан (Полска) – Пелистер
Првите натпревари се играат на 13 јули, реваншите се седум дена подоцна.