Португалецот е
топ тема, дека е така потврдува и фактот што дури 520,000 гласови доби анкетата
која ја организираше „Марка“ на своето интернет издание, на повеќе прашања
поврзани со Кристиано Роналдо.
Вреди да се
напомене дека 46,800 од вкупниот број на гласови отишле на сметка на тоа дека
веруваат во најавите дека Португалецот ќе си замине од Реал Мадрид.
Дури 300,000
гласови имаше на прашањето „Доколку вие бевте на местото на Флорентино Перес,
која е сумата за која би го ослободиле Роналдо?“, доминираше одговорот „колку е
можно повеќе…“. Сепак, кога станува збор за цифра, фановите се сложуваат за
сума од 200 милиони евра.
На прашањето „Во
кој клуб ќе си замине Роналдо?“ одговорија 220,000 читатели на „Марка“,
мнозинството го пикираа Манчестер јунајтед, односно најавија негово враќање во
тимот од „Олд Трафорд“, од каде дојде во редовите на Реал Мадрид.
„Марка“ извлече
уште едно интересно прашање до своите читатели, последното гласи „Кого би
донеле во Реал Мадрид како замена за Роналдо?“, при што одговор на ова прашање
дадоа вкупно 95,000, во кои доминираше
само еден – Килијан Мбапе.