Контроверзен момент на натпреварот помеѓу Брентфорд и Кристал Палас, Еберечи Езе маестрално погоди од слободен удар, но судијата го остави без славје откако предвреме свирна и реши да санкцинира едно блокирање.
Во 26. минута од натпреварот помеѓу Брентфорд и Кристал Палас, гостите добија слободен удар на преку 30 метри од голот.
Од позиција од која речиси сите ќе нафрлаат, Еберечи Езе реагираше итро и маестрално ја затресе мрежата.
🚨🏴 Eberechi Eze scores an incredible free-kick but the referee whistles for a foul.pic.twitter.com/tcExpu4zOS
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) August 18, 2024
Но наместо да се радува на голот на кариерата, тој остана во неверување откако судијата свирна пред топката да ја затресе мрежата и санкционираше едно блокирање на врвот на шеснаесетникот кое немаше никаква врска со мајсторијата на Еберечи Езе.
За маката да биде поголема, повторените снимки покажаа дека нема доволено елементи за прекршок, но ВАР не можеше да се огласи и да ја исправа неправдата бидејќи судијата свирна пред да биед постигнат гол.
#BRECRY – 26’
— Premier League Match Centre (@PLMatchCentre) August 18, 2024
The referee awards a free-kick to Brentford for a foul by Hughes on Collins. The whistle was blown before the ball entered the goal, so VAR cannot intervene and the referee’s call stands.