Денеска Македонија го почнува настапот на Европското првенство во Полска, противник ни е селекцијата на Шпанија.
Ако судиме според коефициентите на светските обложувалници, тоа ќе биде дуел помеѓу најголемиот фаворит и најголемиот аутсајдер за трофејот од Европското првенство.
Коефициентот за Европски шампион на Шпанија, на една од најголемите обложувалници бет365 е 4,33, следуваат Германија, Италија, Португалија, Англија… Македонија е последна со 51 коефициент.
Со игрите во квалификациите, избраниците на Благоја Милевски покажаа дека можат да се носат и со најсилните репрезентации, па можеби Македонија е потцената од обложувалниците, се надеваме дека нашите фудбалери уште вечерва ќе го покажат тоа.