45
Продолжуваат сториите за заминување на Кристијано Роналдо од Сантијаго Бернабеу, вест која утрово ја пренесе португалскиот весник А Бола.
Вечерва Марка пренесе дека Кристијано Роналдо за својата одлука ги известил и колегите од репрезентацијата.
„Си заминувам од Мадрид, донесов дефинитивна одлука. Нема враќање назад“ – им соопштил ЦР7 на сонародниците во тренинг кампот на Португалија.
Се верува дека Кристијано Роналдо се решил на еден ваков чекор поради обвинувањата за затајување данок, како и тоа што Реал Мадрид не застанал поцврсто во негова одбрана.