Англија и Шведска одиграа без голови на стартот на Европското првенство

by
1 минути читање

Актуелниот европски шампион, Шведска и селекцијата на Англија одиграа 0-0 на стартот од Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.

Англија беше подобрата репрезентација на стартот, имаше неколку шанси во првото полувреме, но ништо посериозно.

Шведска изгледаше сосема поинку во вториот дел, ја погоди пречката преку Цибицки во 57. минута, а на десет минути пред крајот ја имаа најголемата шанса на мечот.

Беше досуден пенал за Шведска, но Валквист биеше по средината од голот, новиот голман на Евертон, Пикфорд лесно го одбрани ударот и не дозволи Швеѓаните да се радуваат.

И во последните десетина минути се играше динамичен фудбал но резултатот остана непроменет 0-0.

Вториот меч од групата А е во 20:45 помеѓу селекциите на Полска и Словачка.

Македонија утре го почнува настапот на Европското првенство со дуелот против Шпанија во вечерниот термин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани