Навивачите на Милан се кренаа на нозе и упатија разни навреди и критики кон Донарума на социјалните мрежи, една од нив гласеше „Сега, бакнувај
го дресот на друг клуб!“.
На удар секако се
најде и контроверзниот Рајола, кого навивачите на Милан го нарекоа „Платеник“.
Под насловот „Донарума
на пат за Мадрид“ е поставена фотографија во конотација на најавите за негов
трансфер во европскиот првак Реал, овде очигледно станува збор за навивачи на Интер од Аргентина, барем според профилната фотографија на профилот.
Алесандро Манси
на својот профил напиша – „Немам зборови. Убеден бев дека тој го сака Милан,
ова е голем пораз за фудбалот…“.
Шегите и навредите отидоа дотаму што поранешниот фудбалер на Милан, темпераментниот Џенаро Гатузо се најде на фотографија каде е претставен како член на ИСИС кој обезглавува луѓе, негови жртви се на сликата Донарума и Рајола.
И тоа не е се…
#Donnarumma ha appena cambiato nome in #dollarumma#raiola pic.twitter.com/wyVMJkXIHf
— Conan (@c0n4n82) June 15, 2017
Тимот од Милано
сега ќе мора да ги засука ракавите за да ангажира квалитетен голман, можеби не
од калибарот на Донарума, но со оглед на тоа што гради мошне амбициозен тим за
следната сезона, ќе мора да најде голман приближно неговите квалитети, веќе се познати и дел од опциите.