425
Избраниците на
Виктор Треневски ги обавуваат летните подготовки во Терме Чатеж, од клубот
информираат дека условите за работа се одлични, додаваат дека тренажниот процес
влегува во засилена фаза.
„Тренинзите во
Словенија во полн ек: Напорно
лето – за успешна сезона“ пишува во објавата на официјалниот клупски сајт на
тимот од Дебар Маало.
Во Словенија,
Работнички ќе одигра и две контролни средби, во недела ќе ги одмери силите со
Скендербег од Албанија, додека пак три дена подоцна со хрватскиот шампион
Ријека.
Работнички летово
ќе игра во квалификациите за пласман во групната фаза од Лига Европа.