Брдаровски уште две години во Вардар

by
2 минути читање

Македонскиот шампион доста активен денеска, по обелоденувањето дека е постигнат договор со Ерменецот Барсегјан за продолжување на соработката, стигна и нова информација, во однос на продолжување на договорот со Владица
Брдаровски.

Како што стои на официјалниот клупски сајт на Вардар, се
вели дека десниот бек потпишал нов договор до 2019. година.

Среќен
што ја продолжив верноста со Вардар и што ќе бидам дел од најдобриот клуб во
Македонија и во следните две години. Благодарност до раководството, до
стручниот штаб и до играчите кои што имаат дел од заслугата за ова. Мое е да
работам напорно да ја оправдам довербата која ми е укажана. Секогаш кога сум
играч за Вардар, сум го давал максимумот тимот да дојде до победа и до успеси,
и така ќе биде и во иднина. Играм во најдобрата екипа во Македонија која секогаш
има амбиции да биде на првото место на табелата и секогаш да освојува титули
“ издвои Брдаровски.

Вардар се подготвува за настапот во квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, Брдаровски смета дека е крајно време тимот да докаже дека заслужува да биде дел од елитата.

Мислам
дека е крајно време ова лето да го направиме и тој толку посакуван исчекор на
меѓународна сцена, во Лигата на шампионите. Ќе мора добро да се подготвиме, и
јас сум сигурен дека без разлика на протиовникот, ќе дадеме се од себе да
минеме минимум едно коло. Во првенството амбициите се познати, а тие се двојна
круна
“ додаде 27 годишниот битолчанец кој во редовите на
Вардар пристигна од унгарски Ѓер пред две сезони. Досега во „црвено-црниот“
дрес одигра 42 натпревари, сеуште нема запишано погодок. За репрезентацијата на Македонија има 7 настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани