„Џек-пот“ за третолигаш од Шведска, еве колку Вастерас ќе добие од трансферот на Линделоф во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

22 годишниот дефанзивец оваа недела се пресели на Олд Трафорд во трансфер вреден 35 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Покрај тоа што Бенфика добро ќе заработи од оваа зделка, „џек-пот“ доби и третолигашот од Шведска, Вастерас.

Виктор Линделоф во 2012го напушти Вастерас за само 60.000 евра, а Бенфика требаше да исплати дополнителни 250.000 евра откако играчот ќе забележи 10 настапи.

Но гигантот од Португалија реши да не ја исплати оваа сума со оправдување дека клаузулите повеќе не се на сила откако Виктор Линделоф ставил потпис на нов договор во 2015.

Вастерас целиот случај го достави до ФИФА, и се верува дека токму поради ова Манчестер јунајтед не го купи играчот уште во јануари.

Клубот од Шведска исто така барал 20% од сумата која Бенфика ќе ја добие при продажбата на Виктор Линделоф.

Медиумите од Шведска и Англија сега пренесуваат дека Бенфика и Вастерас успеале да пронајдат заеднички јазик и Вастерас ќе добие околу 5 милиони евра, што е повеќе од одлична сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани