Барсегјан го продолжи договорот со Вардар

by
1 минути читање

Барсегјан кој минатата сезона дојде во Вардар, ќе остане во клубот најмалку уште две години. Тој е среќен што ќе продолжи да го носи црвено-црниот дрес.

„За мене е чест што сум сум дел од Вардар, екипа во која што се работи максимално професионално и во која условите за работа и за напредок се одлични. Тука сме како една фамилија, функцинираме сите како еден, и среќен сум што ќе останам во Вардар и во следните две години.  Веќе една година сум дел од оваа екипа, која што ќе ми остане во вечно сеќавање бидејќи тоа беше мојата прва титула со Вардар. Благодарност до раководството, до стручниот штаб и до соиграчите за целата поддршка во текот на изминатата сезона, и јас ќе дадам се од себе и следните сезони да бидат со освоени титули“ – вели Ерменецот за официјалната страна на клубот.

„Посакувам да има уште многу победи, шампионски и Куп пехари, и, секако, успеси во Европа. Јас како и сите други со нетрпение ги очекуваме натпреварите од Лигата на шампионите. Ни останува само добро да се подготвиме за тој предизвик, и убеден сум дека секој ќе даде се од себе Вардар да направи успех и на меѓународна сцена. Се надевам дека тоа ќе биде ова лето и сите заедно да испишеме една успешна страница во историјата на клубот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани