Се пишуваше дека ПСЖ и Борусија Дортмунд постигнале договор за трансфер на Обамејанг за сума од 70 милиони евра, и се верува дека така и било. Но новиот спортски директор Антеро Енрике во консултација со тренерот Унаи Емери решиле дека Обамејанг е прескап за таа сума и клубот треба да се насочи кон други цели.
ПСЖ ќе се сврти кон ангажман на Килијан Мбапе од Монако и Алексис Санчез од Арсенал, а Обамејанг ќе бара нов клуб.
Според „Билд“, Обамејанг има три опции. Првата е да замине во Кина од каде што Борусија Дортмунд би ги добила планираните 70 милиони евра, а и фудбалерот богато би заработил.
Втората е да остане барем уште една сезона во Борусија Дортмунд и да потпише нов договор.
А третата е да се врати во Милан. Но ова би била нереална варијанта ако се земе во предвид дека „росонерите“ веќе го ангажираа Андре Силва а на добар пат се да го донесат и Белоти од Торино.
Не се исклучува можноста и за трансфер на Обамејанг во Премиерлигата, Арсенал е во потрага по напаѓач.