Реал се подготвува за рекордно лето, еве колку ќе заработат „Кралевите“ од продажба на Мората, Родригез…

by
2 минути читање

„Кралевите“ важат
за клуб кој плаќа огромни суми за да донесат звучни имиња, но во последно време
ситуацијата е обратна и Реал Мадрид продава за големи суми.

Се очекува ова
лето да биде рекордно, и клубот од Сантијаго Бернабеу да инкасира околу 160
милиони евра.

Во 2014 Анхел Ди
Марија беше продаден на Манчестер јунајтед за 75 милиони евра, и веројатно овој
рекорд ќе биде срушен сега со трансферот на Алваро Мората.

Реал Мадрид за
напаѓачот бара 90 милиони евра, Манчестер јунајтед нуди 70, па двата клуба ќе
се најдат некаде на средина.

Од Мадрид ова
лето ќе замине и Хамес Родригез, за Колумбиецот Реал бара 70 милиони евра, и
веројатно ќе ја добие оваа сума со оглед на тоа дека барем шест гиганти од
Европа го посакуваат фудбалерот.

Диего Љоренте е
на чекор до потпис со Реал Сосиедад, во зделка вредна помеѓу 8 и 9 милиони
евра, а Сантијаго
бернабеу ќе го напушти и младиот Мариано, за кого Реал бара најмалку 5 милиони
евра.

Пепе како
слободен играч ќе замине откако ќе му истече договорот на 30. јуни, а и Фабио
Коентрао е на излезна врата. Реал Мадрид дури е спремен да му плати на
Португалецот 2 милиони евра за левиот бек да прифати преселба во Спортинг
Лисабон.

Па од сите овие
играчи, Реал очекува да прибере околу 160 милиони евра, што ќе биде далеку
највисока сума добиена од продажба.

Во 2014 на
сметката на Реал легнаа околу 112,7 милиони евра од продажба на играчи, а во 2013 сумата изнесуваше
113,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани