Манчестер јунајтед и Реал Мадрид постигнале договор за Мората?

by
1 минути читање

Веќе некое време Манчестер јунајтед се обидува да го купи Мората од Реал Мадрид и најверојатно ќе успее во тоа.

Шпанската радио станица „Кадена Копе“ утринава излезе со вест дека двата клуба го договориле трансферот на Мората.

Агентот на Мората синоќа бил видел на Бернабеу каде ги пеглал последните детали со раководството на Реал Мадрид.

Иако се пишуваше дека Реал Мадрид сака 90 милиони евра за Мората, се верува дека зделката ќе биде склучена за 70 милиони евра.

„Марка“ пишува дека и Реал Мадрид сака што побрзо да го продаде Мората, а потоа ќе се фокусира на ангажман на Килијан Мбапе од Монако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани