Агентот на Мората почнува преговори со Реал Мадрид, опцијата Манчестер јунајтед на маса

by
1 минути читање

Шпанска „Марка“
пренесува дека во клупските простории на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“
пристигнал агентот на напаѓачот Алваро Мората, Хуанма Лопез.

Иако нема
официјални информации околу темата на разговорот кој ќе се води на оваа средба,
шпанските медиуми шпекулираат дека на маса е ставена опцијата Мората да се
пресели во Манчестер јунајтед, тема за која долго време се крева прашина.

Најновите
информации велат дека иако Реал Мадрид ја одреди цената за ослободување од
Мората, која изнесува 90 милиони евра, клубот од Мадрид наводно во следните
неколку часови ќе попушти и ќе прифати 75 до 80 милиони евра за да го продаде
својот фудбалер.

Освен што сака да
стане дел од тимот на англискиот премиерлигаш, Мората има и други планови,
веднаш по овој трансфер кој е се поизвесно дека ќе се реализира да рипне во
тавче.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани