Евертон на шопинг во Милано, сакаат три играчи од Милан, три од Интер

by
0 минути читање

Според „Скај Италија“ Волш денеска е на разговор со Милан за можен ангажман на Карлос Бака, Мбаје Нијанг и Џанлука Лападула.

По средбата со претставниците на Милан, тој ќе се сретне со луѓе од Интер каде што ќе почне разговори за Евер Банега, Марсело Брозовиќ и Џејсон Муриљо.

Нејасно е дали Евертон се обидува перманентно да ги купи овие фудбалери или сака позајмици.

Сигурно англискиот клуб нема да може да ги ангажира сите шест фудбалери, но веројатно ќе може да договори трансфер на некој од нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани