Познат распоредот за новата сезона во Премиерлигата

by
1 минути читање

Оваа сезона во Премиерлигата ќе започне без дерби меч, шампионот Челси го пречекува Барнли, Манчестер Сити му гостува на Брајтон, интересно можеби ќе биде на Емирати каде Арсенал е домаќин на Лестер.

Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед сезоната ќе ја почнат против Вест Хем на Олд Трафорд, Ливерпул му гостува на Ватфорд, а Тотенхем оди кај Њукасл кој се врати во Премиерлигата.

Дерби натпреварите започнуваат од второ коло, а првото е на Вајт Харт Лејн помеѓу Тотнем и Челси. Во третото коло се игра дуелот помеѓу Ливерпул и Арсенал, а во третото Манчестер Сити против Ливерпул.

Лигата ќе заврши на 13. мај 2018 година, недела порано од минатата поради Светското првенство во Русија кое започнува на 14. јуни.

Комплетниот распоред можете да го погледнете ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани