Аргентинецот три
години настапуваше на Олд Трафорд и со својот борбен дух веднаш ги освои срцата
на навивачите и беше миленик на публиката.
Габриел Хајнце
сега раскажува интересна приказна од соблекувалната поврзана со легендарниот
капитен Рој Кин, кој важеше за голем борец и еден од најгрубите фудбалери во
Премиерлигата.
Левиот бек
окткрива дека бил нок-аутиран откако решил да му се спротистави на Ирецот.
„Загубивме
натпревар и јас прв влегов во соблекувалната” – вели Хајнце. „Рој Кин беше следен”.
„Не сакав да
зборувам со никого бидејќи загубивме, па затоа влегов прв”.
„Не разбирав
многу англиски, само лошите зборови и пцовките. Слушнав како Рој Кин, најдобриот
играч, го изговара моето име и вели „Е*и се““.
„Му се спротивставив
и му возврати со „Ти е*и се”.
Не паметам што се случи потоа“.
Запрашан дали бил
нок-аутиран, Хајнце додаде: „Да, да”.