Селекторот на
Македонија, Игор Ангеловски во почетните единаесетмина за вечерашната пресметка со Шпанија го вметна и десниот бек
на битолски Пелистер, 23 годишниот Кристијан Тошевски кој игра во животна
форма.
Македонија:
Димитриевски, Тошевски, Ристевски,
Мојсов, Шиков, Алиоски, Пандев, Ристовски, Стјепановиќ, Спировски и
Несторовски.
На клупата се:
Нилсон, Гачевски, Тричковски,
Трајковски, Атанасов, Трајчевски, Чурлинов, Ибраими, Елмас
На спротивната
страна, за почетниот состав селектираше и Хулен Лопетеги.
Шпанија: Де Геа, Пике, Бускетс, Иниеста,
Алкантара, Рамос, Алба, Коста, Карвахал, Силва и Иско.
Ова ќе биде седми
меѓусебен дуел помеѓу Македонија и Шпанија, во кои доминираат шпанците со
максимални шест триумфи досега.
Мечот во Скопје
стартува со почеток од 20 часот и 45 минути, истиот го суди Павел Гил од
Полска, ќе му помагаат неговите сонародници Конрад Сапела и Марчин Борковски,
четврти судија на мечот е Томаш Мусиал, исто од Полска.
Како за
потсетување, публиката на „Телеком арената“ во Скопје ќе има можност со овации
да ги испрати младите фудбалски надежи на нашата земја кои утре патуваат за
Полска каде идниот викенд ги стартуваат настапите на Европското првенство во
таа земја.
Квалификации за СП Русија 2018, група „Г“:
1. Шпанија 13
2. Италија 13
3. Израел 9
4. Албанија 6
5. Македонија 3
6. Лихтенштајн 0
Фото-вест:
24fudbal.com.mk (Архива – вчерашниот
тренинг на нашите фудбалери)