УЕФА: Главното оружје на Македонија е Енис Барди (ФОТО)

by
2 минути читање

Се одбројуваат
деновите до настапот на нашата фудбалска репрезентација за играчи до 21. Годишна
возраст, која со пласманот на Европското првенство во Полска за млади селекции
испиша нови страници од историја во македонскиот фудбал.

Во специјалното
издание на „УЕФА“ во пресрет на турнирот во Полска кој стартува идниот викенд,
под насловот „На кого треба да се внимава на У21 ЕУРО“, од групата „Б“ каде е
сместена нашата селекција, во таборот на Македонија издвоен е Енис Барди.

Барди постигна
12 погодоци во 29 натпревари во унгарската Прва лига, и покрај тоа што игра во
средината на теренот, заврши на третата позиција на листата на стрелци во тоа
првенство. 21. Годишниот скопјанец на два пати погоди за младата репрезентација
на Македонија во рамките на квалификациите, подготвен е целосно да се пресели
во сениорскиот состав на оваа земја за квалификациите за Европското во 2020. Година,
веќе забележа шест настапи за сениорскиот тим на Македонија
“ пишува „УЕФА“ во
специјалното издание.


Фото: uefa.com

Барди и неговите
соиграчи од младата репрезентација, заедно со целиот стручен штаб вечерва ќе
бидат поздравени од полните трибини на „Телеком арената“ во Скопје на мечот
помеѓу Македонија и Шпанија, по што утре заминуваат за Полска, каде ќе се
подготвуваат пет дена до првиот настап на турнирот, против Шпанија идната
недела.

 

Фото-вест:
UEFA (архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани