Мурињо знае како, еве што му кажал Португалецот на Мората

by
1 минути читање

Алваро Мората по
вечерашниот дуел со Македонија во квалификациите за СП 2018 треба да отпатува
за Манчестер и да стане нов „ѓавол“.

Шпанецот беше
желба на уште неколку клубови, помеѓу кои Милан и Челси, но „Црвените Ѓаволи“
успеаја да ја добијат битката за неговиот потпис.

Денешното издание
на Марка открива како Жозе Мурињо го примамил голгетерот на Олд Трафорд.

„Специјалниот“ му
се јавил на Алваро Мората и му порачал: „Дојди кај мене, ќе биде важен дел од
тимот!

Напаѓачот
минатото лето се врати на Сантијаго Бернабеу, но постојано беше резерва и во
втор план, и покрај тоа што секогаш кога ќе добиеше шанса прикажуваше добри
игри и постигна повеќе голови од Карим Бензема.

Мурињо го
искористил токму овој факт, и со ветување дека ќе биде важен дел од неговите
планови го придобил играчот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани