СМС пораката на Конте до Коста скапо ќе го чини Челси

by
2 минути читање

Бразилецот со
шпански пасош е на излезна врата од Челси откако Антонио Конте му пиша дека не
е дел од неговите планови за новата сезона.

„Здраво Диего, се
надевам дека си добро. Ти благодарам за сезоната која ја поминавме заедно.
Многу среќа во следната година, но повеќе не си дел од моите планови”
– гласела
СМС пораката од Италијанецот до напаѓачот.

Последните
извештаи велат дека оваа порака скапо ќе го чини Челси.

„Сините“ нема да
бидат во силна позиција во преговорите со оглед на тоа дека сите знаат дека за
Диего Коста нема иднина на Стемфорд Бриџ.

Во јануари, кинескиот
клуб Тианџин Куанџиан понуди помеѓу 85 и 90 милиони евра за Диего Коста, но Челси го одби
предлогот.

Минатото лето,
„Сините“ на маса имале и понуда од 60 милиони евра од Атлетико Мадрид.

Според пишувањата на АС, „Колчонероси“
сега веруваат дека можат да го купат Диего Коста за двојно помалку, односно 30
милиони евра.

Но проблем
преставува тоа што Атлетико Мадрид има забрана за трансфери, и напаѓачот нема
да може да игра до јануари.

Во 2018 е
мундијалот во Русија па Диего Коста ќе ризикува многу доколку го одбере
Атлетико Мадрид, но според АС, селекторот на Шпанија, Хуле Лопетеги е подговен да го чека
напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани