Бенфика откри колку Манчестер јунајтед ќе плати за Виктор Линделоф

by
1 минути читање

Жозе Мурињо вчера
го доби првото засилување, Манчестер јунајтед соопшти дека има договор со
Бенфика за трансфер на Виктор Линделоф.

Најтрофејниот
клуб од Англија не откри детали од зделката, а медиумите од „Островото“
шпекулираа дека „Црвените Ѓаволи“ ќе платат 35 милиони евра.

Шампионот на
Португалија утрово објави повеќе информации, и соопшти колку точно ќе плати
Манчестер јунајтед.

Медиумите точно
пренесле дека клубот од Олд Трафорд ќе искешира 35 милиони евра, но Бенфика
откри дека зделката може да порасне за додатни 10 милиони евра преку
најразлични клаузули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани