ПСЖ го продава Верати, Барса дозна колку треба да плати

by
1 минути читање

Реномираниот
весник Лекип пренесува дека Марко Верати имал средба со новиот спортски
директор на „Светците“, Антеро Енрике и му соопштил дека повеќе не сака да
настапува на Паркот на Принцовите.

Првиот човек на
ПСЖ, Насер Ал Келаифи се противи на продажба, но веројатно ќе мора да ја
задоволи желбата на Италијанецот.

Извештаите велат
дека ќе бидат потребни 80 милиони евра за Марко Верати да го напушти Париз.

Долго време се
пишува дека фудбалерот е на врвот на листата со желби на Барселона и
„Каталонците“ важат за фаворит за потписот на Марко Верати.

Но ситуацијата на
играчот ја следат голем број на екипи.

Челси неодамна
понудил 65 милиони евра, а во игра се и Реал Мадрид, Јувентус, Интер, Манчестер Сити,
Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани