Познато е првото
засливање за „Црвените Ѓаволи“ за сезоната 2017/18, Виктор Линделоф ќе го носи
дресот на најтрофејниот клуб од Англија.
Жозе Мурињо сакаше да го донесе Швеѓанецот уште во јануари, но тогаш зделката
не се реализираше.
Сепак, лидерите на клубот ќе ја исполнат желбата на „Специјалниот“ и дефанзивецот ќе пристигне на
Олд Трафорд во летниот преоден рок.
„Манчестер
јунајтед е задоволен што може да соопшти дека постигна договор со Бенфика за
трансфер на Виктор Линделоф” – гласеше известувањето на „Црвените Ѓаволи“.
22 годишниот
фудбалер сега треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да ги договори
личните услови.
Медиумите од
„Островото“ пренесуваат дека Манчестер јунајтед ќе искешира 35 милиони евра за
Швеѓанецот.