Според
информациите кои се објавени на официјалниот клупски сајт на Работнички, се
вели дека 27 годишниот голман
Даниел Божиновски го продолжи договорот со клубот за уште една година.
Со тоа,
конкуренцијата за голманската позиција во тимот на Виктор Треневски и натаму
останува и повеќе од квалитетна ако се земе во предвид дека на располагање се
репрезентативецот Дамјан Шишковски и младиот Ристо Јанков.
Работнички летово
се засили со двајца фудбалери, и тоа Стојачно Велинов и Енис Дервиши,
договорите им истекоа на искусните Горан Силјановски Филип Ивановски, додека
пак спогодбен раскин клубот имаше со Бенјамин Демир.
„Романтичарите“
изборија пласман во квалификациите за групната фаза од Лига Европа, првата фаза
од подготовките ќе ги обави во Скопје, додека втората во Словенија, поточно во
Терме Чатеж.
Извор/Фото:
fkrabotnicki.com