Јирген Клоп најави: Како што сега стојат работите, за мене кариерата како тренер заврши…

by 24 фудбал
1 минути читање

Германскиот тренер Јирген Клоп по крајот на минатата сезона реши да замине од Ливерпул, а неговата замена е Арне Слот.

Клоп се поврзуваше со доста нови ангажмани, го споменуваа како селектор на Германија, се зборуваше и за кам-бек во Борусија Дортмунд во поинаква улога, а го поврзуваа и со неколку клубови. Сепак, со последната своја изјава Германецот веројатно најави дека повеќе нема да работи како тренер во кариерата.

Како што денес стојат работите, за мене кариерата како тренер е готова. Не се откажав од работата во Ливерпул туку така. Тоа беше генерална одлука. Исто така, го водев најдобриот клуб на светот…“, изјави Клоп.

Јирген Клоп во својата тренерска кариера имаше три долги ангажмани. Тој тргна во Маинц од 2001 до 2008 година, тогаш се пресели во Борусија Дортмунд и се задржа до 2015 година, а тогаш дојде повикот од Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани