Навивачите на Милан упатија апел до раководството на клубот

by
1 минути читање

Како што е
познато,
Манчестер јунајтед не му понуди нов договор на напаѓачот Златан Ибрахимовиќ, па така заврши неговата авантура во тимот од „Олд Трафорд“.

Швеѓанецот е
слободен играч на трансфер пазарот, се чини дека се отвора можност за негово
враќање во редовите на италијанскиот калчолигаш Милан, па така фановите на овој
тим на социјалните мрежи се мобилизираа и упатија апел до раководството на клубот да го врати во
своите редови искусниот напаѓач.

Под насловот „Вратете
го Ибра!“, навивачите на тимот од Милано ќе се обидат да влијаат во
евентуалното враќање на Ибрахимовиќ во дресот на Милан, кој почнува нова ера,
со исклучително квалитетни засилувања во последниот период, па напаѓач од
калибарот на Ибрахимовиќ, без обврска за плаќање на обештетување, се чини дека
е и повеќе од потребно за италијанскиот калчолигаш.

Она што е
интересно, за кое на големо зборуваат италијанските медиуми, се вели дека
преговорите за продолжување на соработката со голманот Џанлуиџи Донарум (договорот
му истекува јуни 2018), ќе бидат од големо значење за евентуалното враќање на
Ибрахимовиќ во Милан, од причина што и двајцата се претставени во
контроверзниот фудбалски агент Мино Рајола, за кого се шпекулира дека на маса
ќе го стави и прашањето со Ибрахимовиќ, па можно е да дојде до двојна радост
кај фановите на овој тим во блиска иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани